Дизелот поевтинува за два, бензините за денар и половина

9

pumpa-gorivo-580x386

Бензините поевтинуваат за денар и половина, додека цената на дизелот се намалува за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС 95 ќе чини 59,50 денари, додека Еуросупер БС 98 ќе се продава по 61,50 денари за литар. Горивото Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 46 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 34,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,592 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 25.07.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,171 ден/кг.