Дизелот поевтинува за пола денар, за исто толку поскапуваат бензините

24

Од полноќ горивата добиваат нови цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините поскапуваат за половина денар, па литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 60,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 62,50 денари за литар.

Еден литар Еуродизел (Д-Е V) од полноќ поевтинува за половина денар, па ќе чини 53 денари, исто толку и Екстра лесното масло за домаќинство.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 14.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,837 ден/кг.

Фото: Freepik