Дизелот поскапува, бензините по стара цена неделава

32
Man putting gasoline fuel into his car in a pump gas station

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ поскапуваат за половина денар, додека бензините ќе се продаваат по стара цена и оваа недела, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 67 денари за литар, додека за 69 денари ќе се продава литар Еуросупер БС – 98.

Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) во следните седум дена ќе биде 59 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 58,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,149 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,443 ден/кг.

Фото: Freepik