Дизелот поскапува за пола денар, за исто толку поевтинува Еуросупер БС – 95

13

Горивата од полноќ добиваат нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар и неговата нова цена е 66,50 денари. Бензинот Еуросупер БС – 98 и оваа недела ќе се продава по цена од 69 денари. Дизелот Еуродизел (Д-Е V) добива нова и повисока цена за пола денар и ќе се продава по 61,50 денари за еден литар.

За пола денар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство, чија нова цена ќе биде 51,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,664 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 02.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 31,147 ден/кг.

Фото: Pixabay