Дизелот поскапува за три, бензините за половина и еден денар

21

benzin

Горивата од ноќеска добиваат нови и повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 95 ќе поскапи за половина денар и неговата нова цена е 62,50 денари за литар, додека за еден денар поскапува бензинот Еуросупер БС – 98 по што ќе чини 64,50 денари за литар.

Најголемо поскапување, од три денари, има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 47 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 35,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,604 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.04.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 18,535 ден/кг.