Дизни има нов финансиски директор: Кој е „ветеранот“ од Пепси? Таму помина 34 години

22

Дизни соопшти дека Хју Џонстон, долгогодишниот финансиски директор на Пепси, ќе се приклучи на забавната компанија како нејзин нов финансиски директор.

Одлуката доаѓа додека Дизни се бори со падот на цените на акциите и загубите во секторот за стриминг.

Џонстон ги помина последните 34 години во Пепси, работејќи во различни улоги, пред да стане финансиски директор во 2010 година. Како што објави CNBC, тој ќе започне со работа во Дизни на 4 декември и директно ќе му одговара на извршниот директор Боб Игер.

– Дизни е толку позната компанија, со најомилените брендови во светот и силната финансиска основа што Боб и неговиот тим ја градат – вели Џонстон во изјавата и додава: „Многу малку компании го издржаа тестот на времето како Дизни, што го прави посебен и редок меѓу компаниите“.

Претходниот главен финансиски директор на Дизни, Кристин МекКарти, поднесе оставка на почетокот на оваа година поради масовното реструктуирање на компанијата за време на вториот мандат на Игер како извршен директор.