Дланките – огледало на здравјето

5700

raka

Фото: Pixabay

Дланките се огледало на здравјето и најмалата промена на кожата или ноктите може да сигнализираат здравстветни проблеми.

Тресерење на рацете се јавува како последица на земање лекови за астма, антидепресиви или пак за испиени премногу шолји кафе. Доколку заморот во дланките не престанува, можно е причината да е Паркинсонова болест.

Прсти

Лупење на кожата на долниот дел на прстите може да биде знак за недостаток на витамин Б. Оштетувањата на кожата ги лечат ниацинот Б3 и биотинот Б7, кои го поттикнуваат создавањато на колаген и го спречуваат сушењето. Доколку имате ваков проблем, збогатете ја исхраната со риба, печурки и сите оние намирници богати со витамините Б3 и Б7.

Кожа

Лупење на кожата, кое не е последица на ладно време, може да се поврзе со егзема, псоријаза, себореичен дерматит или габична инфекција. Најпрво треба да се исклучат овие работи пред да се користи било каква крема или маст. Доколку не е во прашања ниедна од нив, мачкајте ги дланките со крема на база на витамин А и Е.

Нокти

Здравите нокти имаат бледо розова боја, а промените се можни знаци за скриени здравствени проблеми, како на пример:

Бели нокти – анемија, болести со црн дроб или проблеми со срце.

Слаби, кршливи нокти – недостаток на цинк. Него ќе го најдете во интегралните житарици, јаткасти подови, овесни снегулки и месото. Можно е да имате проблем и со тироидната жлезда.

Меки нокти кои лесно се виткаат – недостаток на протеини и калциум. Конзумирајте повеќе спанаќ, месо, риба и млечни производи.

Сини нокти – лошо снабдување со кислород.