Дневниот центар за деца со аутизам украсен со графити

20

Животни, персонифицирани овошки и зеленчуци, ги разубавија ѕидовите на Дневниот центар за деца со аутизам во Скопје. Графит цртачите ја внесоа колоритноста и разиграноста во просториите на дневниот центар како дел од кампањата „За хуманоста да стане навика“ што ја спроведува компанијата Натусана Македонија.

Тримесечната кампања е дел од 10 годишниот јубилеј на компанијата, која со главната донација во среда ќе го доопреми центарот со специјална опрема и реквизити од Англија и ќе приреди предновогодишно изненадување за децата.