До 16-ти март поднесување на Годишна даночна пријава во УЈП

20

ujp logo

Годишна даночна пријава може да се поднесе и на 16-ти март, бидејќи последниот рок е во недела, што е неработен ден, информираат од Управата за јавни приходи.

Според последните податоци, 330.737 граѓани веќе ја исполнија обврската за поднесување на Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, од кои 1.575 ја искорија можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси https://etax-fl.ujp.gov.mk. И покрај големиот број на Годишни даночни пријави кои изминатите неколку дена се поднесуваат до УЈП (од 40.000 до 50.000 пријави дневно), не се регистрирани застои и поголеми чекања пред даночните шалтери.

Годишната даночна пријава може да се поднесе и во сабота во Регионалните дирекции и Даночните одделенија на УЈП од 08:30 до 14:00 часот, како и во Контакт центарот на УЈП од 09:00 до 20:00 часот. Доколку граѓаните сакаат да ги избегнат метежите пред даночните шалтери, потсетуваме дека Годишната даночна пријава може да се поднесе и преку пошта во 1 (еден) примерок на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП, на која според местото на живеење припаѓа подносителот, како и преку електронските даночни сервиси https://etax-fl.ujp.gov.mk за што подносителот потребно е да поседува дигитален сертификат на USB токен издаден од овластена куќа.