До 2024 година инфлацијата во Турција ќе падне на 21 процент

110

Учесниците на пазарот очекуваат дека годишната стапка на раст на потрошувачките цени ќе падне на 37 отсто во ноември 2023 година, а потоа ќе достигне ниво од 21 отсто во 2024 година, покажува истражувањето објавено од Турската централна банка.

Овие бројки укажуваат на подобрување во однос на стапката на инфлација од 85,5 проценти во октомври, но исто така нагласуваат како неортодоксните економски политики предводени од претседателот Реџеп Тајип Ердоган доведоа до долгорочни прогнози за инфлацијата да не ја достигне целта на централната банка од пет проценти.

Централната банка, која е под строга контрола на турскиот претседател, на почетокот на годината ја намали основната каматна стапка од 14 на 10,5 отсто. Пониските трошоци за задолжување имаа ефект на влошување на инфлацијата, велат економистите, и зголемен притисок врз лирата, која се тргува на историски најниско ниво во однос на доларот, пишува Фајненшл тајмс.

Директорите и аналитичарите на компаниите очекуваат дека во следните 12 месеци ќе има депрецијација на турската валута, па наместо досегашните 18,6 лири за еден долар, очекуваниот курс да биде 23:1, покажува истражувањето на централната банка.

Министерот за финансии Нуредин Небати минатиот месец за „Фајненшл тајмс“ изјави дека земјата минува низ „трансформација“ и дека наместо инфлација, приоритет на владата е економскиот раст.

Истражувањето исто така покажа дека учесниците на пазарот очекуваат бруто домашниот производ (БДП) да порасне за 5,1 отсто во 2022 година и 4,1 отсто во следната година.