До 2030 година, покрај железницата – соларни панели

30

Францускиот железнички оператор SNCF има намера да инсталира соларни централи со вкупен капацитет од еден гигават на површина од 1.000 хектари долж железничката инфраструктура низ земјата до 2030 година.

Ова ќе овозможи снабдување со електрична енергија на железничката мрежа и ќе иницира декарбонизација на овој сектор, пишува Михајло Вујасин за Balkan Green Energy News.

SNCF основаше нова подружница SNCF Renouvelables за производство на електрична енергија од обновливи извори. Францускиот железнички оператор има намера да инсталира фотоволтаични постројки на илјада хектари земјиште, чиј вкупен максимален капацитет или врв би бил еден гигават. Тоа е 15% до 20% од сегашните потреби за електрична енергија на оваа компанија.

SNCF е еден од најголемите потрошувачи на електрична енергија во Франција. Годишно троши во просек девет терават-часови за возење на 15.000 возови и снабдување со три илјади железнички станици и други објекти, посочуваат од компанијата.

Повеќе од 80% од нејзините композиции се електрични. Како национален оператор на железничката мрежа, SNFP управува со сообраќајот на речиси 28.000 километри железница.