До крајот на годината исплата на К-15 – познато е колку ќе изнесува

250

Вработените во приватниот сектор до крајот на оваа календарска година треба да добијат исплата на К-15.

Овој износ секоја година е различен, со оглед на тоа дека се утврдува во зависност од висината на просечната нето и бруто плата по секој вработен и тоа во последните три месеци пред исплатата.

Најмалку што може да изнесува сумата е 40% од висината на просечната нето плата, а максималниот износ околу 40% од висината на просечната бруто плата.

Условите се вработените да бидат во иста компанија најмалку шест месеци во една календарска година. Она што говорат податоците, овогоднешната исплата на К-15 ќе изнесува во висина од 10.956 до 16.349 денари.

Последен рок за исплата на регресот за годишен одмор е 31-ви декември.

Фото: Freepik