До крајот на годината Кина ќе стане најголемиот извозник на автомобили во светот

74

Кина е на пат да ја престигне Јапонија и да стане најголемиот светски извозник на автомобили до крајот на оваа година, се вели во најновиот извештај на агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис аналитика“.

Во извештајот се нагласува дека Кина ја престигна Јужна Кореја во 2021 година и Германија во 2022 година по бројот на извезени автомобили, станувајќи втор најголем извозник во светот, а сега има добри шанси да ја престигне и Јапонија, пренесува CNBC.

Во вториот квартал, од април до јуни, Кина произведуваше 70.000 автомобили месечно помалку од Јапонија, што значително го намали јазот во споредба со истиот квартал минатата година, кога дефицитот беше над 170.000 возила произведени месечно.

Ако овој тренд продолжи, Кина ќе ја престигне Јапонија до крајот на годината и ќе стане најголем светски извозник на автомобили, според Мудис Аналитика.

Во првата половина на 2023 година, приходите од извоз на електрични возила во Кина (EV) се удвоија во однос на истиот период минатата година, а Кина исто така има конкурентна предност во производството на литиум-јонски батерии.

Кина произведува повеќе од половина од светските резерви на литиум, а во исто време, повеќе од половина од светскиот капацитет за преработка на овој метал се наоѓа токму во оваа земја.

„Брзината со која Кина ги прифати новите технологии во автомобилската индустрија е без преседан“, се заклучува во извештајот.