До зголемен профит, со софтвер за управување со човечки ресурси (1)

442

Секој кој знае и основи на водење на бизнис, знае дека Профитот е она што ќе Ви остане од Приходот, откако ќе ги одземете Трошоците.

Најголемиот дел од компаниите секогаш се концентрирани на Приходот и единствено на неговото зголемување.Пресметката на трошоците честопати се сведува на неколку ставки кои се дефинирани од влезните фактури.

Секторот за Човечки ресурски (ЧР) веројатно е една од последните адреси, каде Менаџментот на компанијата ќе упати барање за анализа и проект за зголемување на Профитот.

Со АРАХНА, ние во Неодата, сакаме ова да го промениме.

Зошто сметаме дека е можно и дека ние сме компетентни?

Неодата е компанија која повеќе од 20 години се занимава со развој и имплементација на софтвер за деловно работење, каде софтверските решенија за ERP, MRP, CRM, Човечки ресурси и многу други автоматизирани процеси, се дел од нашето портфолио. Во контактот и присуството во сите најголеми индустрии во државата, но и следејќи ги трендовите во светот,  заклучивме дека човечкиот капитал е она што во наредниот период најмногу ќе се цени во деловниот свет.

Од овие причини во последните 2 години, во фокусот на нашето работење е АРАХНА, софтвер за управување со Човечките ресурси.

АРАХНА претставува софтвер за управување со Човечките ресурси, коj се состои од HR back office и HR Portal.

Со софтверот Арахна менаџерот за ЧР добива алатка за носење на важни менаџерски одлуки

Софтверот Арахна, кој е наменет за компании со повеќе од 50 вработени, нуди големи бенефити и за менаџерите за ЧР. Тие, иако се високо во хиерархијата на команијата, ретко влегуваат во топ менаџментот што учествува во донесувањето на стратешките одлуки. Со Арахна,  менаџерите за ЧР добиваат алатка во облик на потсетници за истек на договори, потсетници за обновување на обуки, пристап до ad-hoc reporting за добивање на аналитички податоци  и параметри со кои ќе можат да планираат  и предлагаат важни стратешки интервенции во бизнисот и на тој начин да си изборат место на врвот во компанијата.

ПРВ чекор кон поголем профит: Користете ја АРАХНА како сервис

Софтвер како сервис (SaaS) – Пристапот до Арахна е овозможен со месечна претплата

Со SAAS концептот, секоја компанија може да добие одлична алатка за Менаџирање со човечкиот капитал, а тоа ДА НЕ БИДЕ ИНВЕСТИЦИЈА.

Неодата секогаш ги следела трендовите во деловниот софтвер и безрезервно сме се труделе истите да ги понудиме на нашите клиенти. Од овие причини АРАХНА ја нудиме и како сервис, односно како услуга за која се плаќа месечна претплата зависно од бројот на вработените во компанијата.

Софтверот го поставуваме во облак и пристапот до него е овозможен за секој легитимен корисник, од секој уред каде има интернет.

На истиот начин го нудиме и користењето на нашиот софтвер за Пресметка на Плати, но и нашето уникатно софтверско решение за Безбедност и здравје при работа.

За оние кои сеуште се скептици во поставувањето на деловниот софтвер во облак, секако постои можноста Арахна да ја инсталираме на нивни сервери, во интерната мрежа на компанијата.

Втор чекор кон поголем профит: Задржете ги добрите вработени.

Светската статистика вели дека 31 процент од нововработените си заминуваат во првите 6 месеци, од кои половината во првите 2 месеци. Ресурсите што ги троши една компанија, за да регрутира работници, како времето потребно да се направат сите интервјуа, енергијата да се обучат новите вработени, па дури и хартијата и другиот потрошен материјал, се залудни, ако работникот си замине после 6 месеци. Целта на Арахна е инклузија и задржување на вработените.

Веруваме дека ќе се сложите дека значително ќе го зголемите профитот ако ги намалите трошоците поврзани со регрутација. Арахна Ви помага со:

  • Систем за наградување

Преку HR Portalot менаџерот може да предложи за секој свој вработен, награда или казна, процентуално или вредносно. На пример награда од 10% во период од 3 месеци за остварена продажба кај голем клиент.

Секој вработен ќе се вложи уште повеќе ако види дека е забележано колку тој се истакнал и дека неговиот труд е екстра награден.

  • Систем за евалуација на перформасите на вработените

Светските статистики велат дека 66% од вработените не го сакаат системот за Евалуација на перформансите или т.н. оценување. Ова секако е разбирливо ако работникот се почувствува како „на стрелање“.

Затоа Новите трендови го менуваат концептот со тоа што, Евалуациите се прават често и секогаш по анализата на резултатите, се спроведуваат промени. Дали се тоа ситни промени во поглед на организацијата, каде ќе стои некое биро или крупни промени во поглед на обавезна едукација за вработените на определена работна позиција, секогаш е приметено од вработените.

Статистиката вели дека неверојатни 90% од вработените каде после оценувањето во компанијата се превземени чекори за промена и имплементација на новини, го поддржуваат новиот систем на Евалуација.

Неодата анализирајќи ги овие статистики со Арахна имплементираше комплетен систем каде во Службата за Човечки ресурси ќе се оформуваат евалуациони прашалници, а преку HR Portalot истите ќе се спроведуваат.

За оние евалуации каде вработените не се чувствуваат удобно да се идентификуваат, имплементирана е можност за печатење на прашалниците, со цел да се пополнуваат анонимно.

  • Вработениот да ја препознае можноста за напредок во кариерата

Организационата структура и точното дефинирање на потребните компетенции за некое работно место се одличен стимул за вработените да планираат напредок во кариерата. Ова може да се манифестира со едноставно изјаснување пред раководителот или со пријавување за определена работна позиција за која е објавено дека има отворена регрурација.

Со Арахна за сите новоотворени работни места предвидуваме најпрвин да се спроведе интерен конкурс, односно да се објави веста на HR Portalot до кој имаат пристап сите вработени. На HR Portalot јасно ќе се објават компетенциите кои се бараат, едукацијата, познавањето на јазици или годините искуство, за отворената работна позиција.

Во Арахна има имплементирано комплетен Модул за едукација според работни позиции, систем кој секоја компанија може да се изгради според своите потреби, но и да го модифицира и мониторира.

Постоењето на потсетници за планирање на тренинзи се базира на евиденција на нововработени или промена од една на друга работна позиција, кога определен курс или едукација е потребна за таа работна позиција. Потсетниците функционираат и кај обуките кои имаат определено времетрање, односно мора да се обновуваат.

  • Покажете дека мислењето на вработените Ви значи

Најдобрите идеи за зголемување на продуктивноста често доаѓаат од самите вработени, кои имаат најмногу искуство во директно имплементирање на работните процеси. Честопати отстранување на некои непродуктивни процеси кои вработениот ги забележал, значително можат да ја зголемат продуктивноста.

Верувам ќе се сложите дека зголемување на продуктивноста, води до зголемување на профитот.

Со Арахна овозможено му е на секој вработен да испрати своја идеја или забелешка до Службата за ЧР на специјално дедициран e-mail. На овој начин вработените се чувствуваат инволвирани и почитувани, а целокупната комуникација одлично документирана.

Продолжува…

ДО ПОГОЛЕМ ПРОФИТ СО АРАХНА ВО 5 ЧЕКОРИ:

I: Користете ја АРАХНА како сервис со месечна претплата

II: Задржете ги добрите вработени.

III: Планирајте го развојот на капацитети.

IV: Автоматизирајте го и олеснете системот на регрутација

V: Ослободете го тимот за ЧР од “мануелна работа“, дајте им алатка за менаџирање