Доаѓа нова реалност – ковид пасош

43

Во иднина постои веројатност покрај стандардниот, да се користи и т.н. ковид пасош. Според пишувањата на Вашингтон пост, ова е концепт што се споменува уште од самиот почеток на пандемијата како решение за нормализирање на туристичката индустрија. Концептот овие денови (додека во Велика Британија во тек е вакцинација) забрзано станува реалност.

Ковид пасошот, првенствено е наменет за меѓународни патници и како што пишува весникот станува збор за апликации. Едната од нив веќе е во пробна употреба, а другата е во завршна фаза на развој. Корисниците може да ги постават своите верификувани резултати од тестовите и еден ден – доказ за вакцинација во овие апликации.

Апликацијата што веќе се тестира се нарекува CommonPass и се тестира од овој месец на летови на некои авиокомпании помеѓу Њујорк, Лондон, Сингапур и Хонг Конг.

Исто така, бројни авиокомпании размислуваат за вакцинирање како услов за патување во иднина.

Фото: Freepik