Доаѓаат нивните 5 минути – компании за кои треба да размислува секој инвеститор

224

Аналитичарите на Bloomberg Intelligence, кои следат околу 2.000 компании во различни области, вклучувајќи финансии, малопродажба, енергија и технологија, идентификуваа 50 од нив кои треба внимателно да се следат во 2021 година.

При составување на листата, аналитичарите ги зедоа предвид факторите како што се големина на компанијата и можности за раст, промени во управувањето и влијанието на пандемијата Ковид-19 и другите големи економски сили.

Тие започнуваат од AB InBev (производство на пијалаци), чијашто пазарна вредност е 139,4 милијарди долари. Следува Albemarle (снабдувач на литиум, клучнo за батерии), со пазарна вредност од 18,9 милијарди долари и Alibaba Health (здравствен сектор во кинескиот гигант за електронска трговија) ​​во вредност од 39,5 милијарди долари.

Aon (финансии и осигурување) има пазарна вредност од 46,2 милијарди долари, ArcelorMittal (компанија за челик ) вреди 27,3 милијарди долари, а Boeing (авионска индустрија) е исто така на списокот, и покрај неодамнешната лоша среќа. Оваа компанија вреди 116,7 милијарди долари на пазарот.

Bloomberg пишува и за Capitec (финансии; 10,6 милијарди долари), Cathay Pacific (корпоративен транспорт – 6 милијарди долари) и Central Japan Railway (транспорт – 28,3 милијарди долари). Своето место на списокот го зазеде и компанијата Chi-Med (здравство – 5,3 милијарди долари).

Останатите компании избрани од аналитичарите на Bloomberg  повеќе или помалку работат во овие области – Henkel, Korger, Nintendo, PayPal, SunPower, Wizz Air.

Фото: Freepik