Дебарски бања Цапа ланската година ја заврши со добивка од 10.133.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Една година претходно вкупната сеопфатна добивка на компанијата беше 13.634.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на крајот на 2015 година имаа салдо од 138.518.000 денари, додека во 2014 година достигнаа 134.177.000 денари.