Добивка од 13,6 милиони денари за Дебарски бањи Цапа

28

capa

Акционерското друштво Дебарски Бањи Цапа евидентираше добивка во висина од 13.634.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно компанијата утврди позитивен финансиски резултат во висина од 14.533.000 денари.

Вкупните приходи од продажба се во висина од 131.778.000 денари, додека една година претходно тие биле на ниво од 124.185.000 денари.