Добивка од 19 милиони денари за Скопски пазар

45

skopski-pazar

Акционерското друштво Скопски пазар во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 19.199.000 денари, покажува неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 14.426.000 денари.

Во првото полугодие од 2015 година, вкупните приходи на Скопски пазар се на ниво од 503.804.000 денари, додека во истиот период лани тие имаа вредност од 649.214.000 денари.