Добивка од 2,2 милиони денари за Стопанска банка Битола

11

stopanska-banka-bitolaСтопанска банка Битола, од први јануари до 30-ти септември оваа година, успеа да оствари сеопфатна добивка во висина од 2.292.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од минатата година, банката прикажа загуба од 52.636.000 денари.

“Кредитната активност и севкупно зголемениот обем на работа на платниот промет во земјата во странство придонесоа раст на нето приходите од провизии и надоместоци од 5,14 милиони денари, односно 8,15% во споредба со истиот период од минатата година“, стои во Образложението кон остварениот финансиски резултат.

Нето приходите од камати од јануари до септември 2016-та година изнесуваа 223.339.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 191.353.000 денари.

Нето приходите од провизии и надоместоци достигнаа 68.291.000 денари.