Добивка од 2,9 милиони денари за Тутунски комбинат од Прилеп за шест месеци

23

tutunski-kombinat-prilep

Добивка од 2.908.000 денари прикажа Тутунски комбинат од Прилеп во текот на првите шест месеци од 2017 година, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Од јануари до јуни лани, добивката на компанијата изнесуваше 1.078.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во првото полугодие од годинава, достигнаа 147.334.000 денари. Поголемиот дел од 109.702.000 денари е остварен на домашен пазар, а остатокот од 37.632.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Главна дејност на Тутунски комбинат е купување и преработка на тутун, производство на цигари, производство на филтер стапчиња, различни типови на лепила наменети за тутунската индустрија и други апликации.