Добивка од 3,9 милиони денари за Фруктал Мак за девет месеци

41

fruktal mak

Фруктал Мак АД оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 3.975.000 денари во период од 01.01. до 30.09, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 7.380.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата се во висина од 233.003.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 119.158.000 денари, додека остатокот од 113.845.000 денари отпаѓаат на продажба на странски пазари.

Во период од први јануари до 30-ти септември лани, вкупните приходи од продажба на Фруктал Мак достигнаа 265.385.000 денари.