Добивка од 65,3 милиони денари за ТТК Банка во деветте месеци од 2017-та година

24

ttk-banka

ТТК Банка оствари вкупна сеопфатна добивка од 65.375.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, банката прикажа добивка од 17.714.000 денари.

“Нето приходите од камати на 30.09.2017 година изнесуваат 195,5 милиони денари и не бележат промена споредено со истиот период минатата година. внимателниот пристап на банката при кредитирање на секторот нефинансиски друштва влијае реализацијата на планираното ниво на нето приходите од камати да изнесува 100,9%“, стои во Коментарот за остварените финансиски резултати на банката.

Нето приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период, како што се наведува, изнесуваат 93 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се пониски за 12,5%. Намалувањето во најголем дел потекнува од сегментот кредитирање на стопанството. Планираните нето приходи од провизии се остварени со 93,5%.