Добивка од 8 милиони денари за Макпромет во првото полугодие од 2015

11

makpromet

Макпромет оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 8.074.000 денари во првите шест месеци од оваа година, покажува неконсолидираниот биланс на успех.

Во првото полугодие од минатата година, компанијата прикажа добивка од 2.024.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата се на ниво од 8.025.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 7.104.000 денари, додека остатокот од 921.000 денари се реализирани на странски пазари.