Добивка од 9,4 милиони денари за Технокомерц

37

tehnokomerc

Акционерското друштво Технокомерц од Скопје прикажа добивка од 9.448.000 денари за 2014 година, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата работела со добивка во висина од 12.867.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата се во висина од 196.925.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 196.723.000 денари, додека на странски пазари се реализирани 202.000 денари.