Прилепска Пиварница прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 113.936.000 денари во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година, покажува неконсолидираниот биланс на успех.
Прилепска Пиварница во првото полугодие од минатата година прикажа добивка од 46.918.000 денари.
Вкупни приходи од продажба се во висина од 703.183.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 691.633.000 денари, додека на странски пазари отпаѓаат 11.500.000 денари.