Добивка од над 17 милиони денари за Интерпромет од Тетово

79

denari

Компанијата Интепромет од Тетово во првото полугодие од оваа година прикажа добивка од 17.166.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех.

Во првите шест месеци од минатата година, компанијата работеше со добивка од 2.618.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во период од 01.01. до 30.06. оваа година се на ниво од 26.047.000 денари, додека истиот период лани тие изнесуваа 9.839.000 денари.