Добивка од над 548 милиони денари за Македонски Телеком во првото полугодие

15

makedonski telekom

Македонски Телеком со вкупна сеопфатна добивка од 548.087.000 денари го заврши првото полугодие од оваа година, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 182.588.000 денари.

“Вкупната нето добивка на крајот од првото полугодие од 2015 година изнесува 548.087.000 денари и е зголемена за 200% во споредба со истиот период од претходната година. Ова е резултат на промените на легислативата за данокот на добивката коишто се применливи од почетокот на јануари 2014 година со што данокот на добивка се плаќа во моментот на распоредување на дивидендата без оглед на сопственичката структура“, стои во Образложението за работењето на Македонски Телеком за периодот од 01.01.2015 до 30.06.2015 година.

Приходите од продажба на ниво на Групација во првото полугодие, како што се наведува, изнесуваа 5.034.652.000 денари, што е намалување од 5,8% во споредба со истиот период од 2014 година.

Вкупните капитални инвестиции на крајот на првото полугодие од 2015, како што се наведува во Образложението, изнесуваат 366.939.000 денари.