Добивка од над една милијарда денари за Алкалоид во 2019 година

191

Фармацевтската компанија Алкалоид, во периодот јануари – декември лани, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 1.015.260.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата беше на ниво од 862.411.000 денари.

Приходите од продажба, заклучно 31-ви декември 2019-та година, изнесуваа 11.102.808.000 денари. На домашен пазар отпаѓаат 3.907.246.000 денари, додека поголемиот дел од 7.195.562.000 денари е остварен на пазари во странство.

Од вкупните консолидирани продажби, како што се наведува, 65% се остварени на странски пазари. Најголем пораст кај извозните пазари е остварен во: САД раст од 115%, Русија раст од 91%, Германија раст од 57%, Велика Британија раст од 56%, Романија раст од 42%, Украина раст од 35%, Бугарија раст од 16%, Косово раст од 16%, Црна Гора раст од 9%, Србија раст од 7%, Словенија раст од 7%, Хрватска 5% итн.

Вкупните инвестиции во основни средства, во периодот јануари – декември лани, изнесуваат 1.091.632.000 денари.

Во текот на минатата година, во Алкалоид се реализирани 218 нови вработувања во земјава.

Фото: Pixabay