Добивката на Алкалоид за дивиденда и инвестиции

46

Фото: Pixabay

Собранието на акционери на фармацевтската компанија Алкалоид донесе одлука за употреба и распоредување на добивката по годишна сметка за 2018 година.

Според одлуката, дел од добивката во износ од 458.032.960 денари оди за дивиденда и персонален данок, а остатокот од 390.166.295 денари за инвестиции.

Акционерите, според одлуката за утврдување на датуми при исплата на дивиденда, ќе добијат дивиденда за 2018 година во висина од 272 денари нето, односно 320 денари бруто, за една акција.

Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 23.04.2019 година, додека прв датум на тргување без право на дивиденда за 2018 година е 24.04.2019 година. Датум на стекнување на право на дивиденда за минатата година е 25-ти април, а исплатата на дивиденда ќе започне од 22-ри мај.