Добивката на Атлантик група повисока за 139%

21

atlantikХрватската компанија Атлантик група во првите девет месеци оствари нето добивка од 25,4 милиони евра, што е дури 139% повеќе во однос на истиот период лани, покажува финансискиот извештај на компанијата, пренесува Seebiz.

Во овој период Атлантик група остварила приход од продажба во износ од 489,3 милиони евра, што е 2,6% повеќе во однос на истиот период минатата година. Добивката пред даноци и камати пораснала за 13% на 49,3 милиони евра.

За вкупниот раст на приходите од продажба најмногу придонело стратешкото деловно подрачје Спортска и активна прехрана, со раст од 13,7%, при што најголем раст е остварен на пазарите на Германија, Шпанија и Русија.

Значајно е порасната и продажбата на категоријата флипс, кекси и чоколади (раст од 5,4%) на пазарите на Србија, Црна Гора и Македонија.

Кафето со 20,9% удел во вкупните приходи се истакнува како најголема поединечна категорија со 102 милиони евра приход од продажба.