Тутунски комбинат од Прилеп донесе предлог одлука за распоредување на добивката остварена во текот на минатата година.
“Искажаната добивка на Тутунски комбинат Цигари Дооел Прилеп за деловната 2015 година во износ од 54.018.981 денари ќе се искористи за покривање на загубата на компанијата искажана во минатите години“, стои во предлог одлуката.
Собранието на акционери на Тутунски комбинат ќе се одржи на 28-ми ноември оваа година.