Добивката на Уни банка за резерви и инвестиции

23

uni banka 1

Уни банка донесе одлука за распоредување на утврдената добивка за периодот од 01.01.2015 до 31.12.2015 година.

Добивката по оданочување, според одлуката објавена на Македонска берза, изнесува 81.730.154 денари.

Од тој износ, како законски резерви се одвојуваат 5% или 4.086.508 денари. Вкупно 10.000.000 денари се наменети за инвестиции, додека остатокот од 67.643.646 денари како останати резерви.