Добра вест за возачите: Поевтинуваат горивата

21

Бензините од полноќ поевтинуваат за еден, а дизелот за 1,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 44,50 ден/лит.

Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 55,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,966 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,426 ден/кг.

Фото: Pexels