Добри наспроти лоши менаџери

159

dobar-losh-pixabay

Фото: Pixabay

Улогите на менаџерите се разликуваат во зависност од професијата и компанијата. Но, сепак постојат одредени карактеристики што им се заеднички на добрите и успешни менаџери без разлика за каков профил на компанија или професија станува збор.

Глобална визија

Повеќето вработени го гледаат само оној дел од проектот во кој тие се инволвирани. Добриот менаџер го разгледува проектот во целост и како таков го реализира, додека лошиот менаџер им допушта вработените да продолжат со нефокусираниот и непродуктивен пристап.

Поставување на јасни цели

Деталните инструкции за успешно да се заврши некоја задача и да се напредува, на вработените им се навистина потребни, во најголем број случаи. Ефективните менаџери знаат како да дадат прави инструкции, реални рокови, да делегираат и да ги поттикнат вработените. Оние другите само грубо ги дефинираат целите, затоа што се постојано преокупирани со обемот на својата работа.

Остроумност

Остроумноста е третото око на менаџерот. Досетливиот менаџер умее да препознае недоследности во важни детали, што не е случај со лошиот менаџер.

Задржување на талентирани работници

Добрите работници се потребни во секоја компанија и затоа е многу важно да се задржат. Добриот менаџер, во споредба со лошиот, знае да ги препознае вредните работници кои имаат голем потенцијал во себе и да им зададе задачи кои најдобро ќе одговараат на нивните способности.

Колективна интелигенција

Успешниот менаџер ги вреднува сите вештини на вработените и поттикнува креативни дијалози во тимовите. Лошите менаџери попрво ќе стават кочница на таквата колективна интелигенција, затоа што веруваат дека истата ќе ја намали нивната контрола.

Емоционална интелигенција

Емоционална интелигенција е способност да се разбереме себе си и хармонично да комуницираме со другите. Во овој случај добрите менаџери ќе соработуваат со своите тимови во проектите, додека лошите ќе се обидат еднострано да наметнат промена.

Преговарање

За да ги заштити интересите на компанијата менаџерот, пред се, мора да биде добар преговарач. Добриот менаџер е секогаш решителен.

Иновативност

Добрите менаџери ја охрабруваат и приоритизираат потребата за нешто ново. Тие се секогаш во тек со трендовите и случувањата и знаат да ги идентификуваат можностите за еволуција на производот или услугата.