Добрите одлуки се донесуваат на празен желудник

22

hungry-woman

Научници од холандскиот универзитет во Утрехт, спроведоа три одделни експерименти врз група студенти со цел да испитаат како гладот ќе влијае на донесувањето на важни одлуки.

Според истражувањето, битните животни одлуки не треба да се донесуваат со полн желудник, затоа што кога сме гладни способноста за да одлучиме правилно е значително поголема.

Во сите експерименти студентите биле поделени на две групи – сити и гладни. Гладните не смееле да јадат десет часа пред тестот, додека ситите се гостеле со богат појадок.

Во првите два експерименти испитаниците играле игра со карти преку која се пресликувале комплексни процеси на донесување на важни одлуки со проценка на ризик и награда. Групата гладни студенти покажала подобри резултати, со тоа што подобро ги разбрале долгорочните бенефити во однос на краткорочните придобивки.

Заклучокот е дека состојбата на глад е таа која помага во донесување на подобри одлуки, особено кога истите се од животно значење.

Во третиот експеримент на испитаниците им биле поставени неколку задачи каде морале да изберат помеѓу мала сума пари која би ја добиле веднаш и голем износ кој би го имале во иднина. Гладните почесто бирале поголем износ во иднина, а ситите ги сакале парите веднаш.