Doctor Candy: Аптека во која бонбоните се “лек“

86

dr candy

Под името Doctor Candy во Полска започна со работа необична “слатка“ аптека. Станува збор аптека во којашто бонбоните се продаваат како “лек“, пишува Franchising.hr.

“Веќе десет години размислувам за франшиза. Работев во различни сегменти, цело време се обидував да пронајдам идеја за работа којашто сама ќе се развива, како сопствен бизнис. Барав нешто што ќе ги пополни специфичните недостатоци на пазарот, а да не бара вложување на голема сума на пари. На тој начин дојдов на идеја за ’слатка’ аптека, место каде слатките ќе се продаваат како ’лекови за сите болести’“, вели Дорота Брзозивиец, сопственичка на полската компанија Make Business, којашто го развива концептот и ја продава франшизата под името Doctor Candy.

На полиците на Doctor Candy се продаваат различни видови на гумени бонбони, лижавчиња и слично. За биде различен од другите слични концепти, бонбоните се спакувани во стаклени шишиња со различна големина. За целосен впечаток, клиентите може да ја изберат и етикетата на шишето – на пример, лек против скршено срце, лек за ублажување на трема пред испит или противотров за неред во детската соба… Етикетите може да бидат и целосно персонализирани и посветени на одредена личност.

“Нашите клиенти, поради тоа, не се само деца, туку и возрасни лица кои бараат идеја за оригинален подарок“, додава таа.