И додека милијардерите како Џеф Безос (Blue Origin) Ричард Бренсон (Virgin Galactic) летаат во вселената, заколнувајќи се во општествената одговорност и зелената технологија, додека во исто време трошат тони гориво за нивните потфати во вселената, некои други милијардери се вртат кон општеството (на Земјата) во потрага по начин да помогнат, пишува Lider hr.
Критичарите на вселенските каубои тврдат дека е подобро да се искористат сите овие ресурси на Земјата, додека оние кои ги поддржуваат велат дека вселенската трка меѓу Безос и Бренсон ќе донесе нови трансформативни технологии и нови индустрии кои на крајот можат да ѝ дадат трилиони на светската економија. Заедно со двајцата наведени вселенски каубои, тука е и Илон Маск со неговиот Space X, иако сè уште не полетал сам од Земјата.
Но, тука е милијардерот кој сè уште го гледа неговиот придонес во општеството овде на Земјата. Имено, Марк Кубан, сопственик на НБА клубот Далас Маверикс, милијардер и инвеститор кој реши да отвори онлајн аптека која ќе продава стотици генерички лекови кои спасуваат животи по цена која е апсолутно неочекувана, но ќе биде добредојдена од милиони луѓе кои имаат потреба од такви лекови, кои инаку не можат да си ги дозволат.
Компанијата за лекови Cost Plus Drug Company, има за цел да понуди што е можно повеќе генерички лекови по најниска можна цена, вели Кубан, а на прашањето за враќањето на инвестицијата, тој вели дека нема многу што да се каже.
„Нашиот предизвик е да ги притиснеме цените што е можно пониски и да не се натпреваруваме со никого“ – вели Кубан.











