Доделени сертификати на 10 нови произведувачи на сушени производи

43

Десет произведувачи на сушени производи, кои во изминатите четири месеци следеа обука во специјализирана работилница за сушење овошје, зеленчук и билки, денес во средното училиште Марија Кири-Склодовска добија сертификати за успешната обука.

Имено, кандидатите беа два месеца на обука во училиштето и два месеца на практична работа во различни компании кои се занимаваат со истата дејност.

Обуката имаше за цел кандидатите да се здобијат со сертификат што ќе им помогне за полесно вработување, а се организираше во рамки на програмата за обука на кадри дефицитарни на пазарот за трудот, организирана од Владата на Република Македонија и Агенцијата за вработување.