Доделени три признанија за Најдобар шалтерски работник за Охридска банка

26

priznanija-za-najdobri-shalterski-rabotnici

Традиционално и оваа година, на Светскиот ден на штедењето, вработените од Охридска банка Сосиете Женерал добија признанија за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работењето со населението за 2015 година.

Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, вчера на свечена седница додели признанија на 42 најдобри шалтерски работници од банките и штедилниците во Република Македонија за 2015 година.

Оваа година од Охридска банка Сосиете Женерал, признание за најдобар шалтерски работник добија: Билјана Завојчева од експозитурата во Охрид, Весна Соларска Ангеловска од експозитурата во Куманово и Ана Попова од Централната  експозитура во Скопје.

“Грижата за нашите клиентите и навременото одговарање на нивните потреби остануваат во фокусот на нашето работење. Охридска банка Сосиете Женерал ќе продолжи да делува во оваа насока, да биде во постојана комуникација со клиентите, нудејќи услуги коишто ќе им го олеснат секојдневието, додека посветеноста, грижата и професионалниот однос ќе бидат основните атрибути по кои Охридска банка Сосиете Женерал ќе биде препознатлива и препорачана“, изјави Катерина Јанковиќ, раководител на Дирекција продажна мрежа.