Доделување сертификати за завршени обуки за женско претприемништво

50

eni biznismeniВо основното училиште Ѓорѓија Пулевски во Скопје денес ќе се доделат сертификатите за обуките за професионален развој и женско претприемништво.

Обуките беа организирани од страна на ЛинкАкрос во соработка со општина Аеродром од крајот на октомври до декември 2012. Пријавени беа околу 90 жени од кои 65 ги исполнија условите за учество, а 42 од нив успешно ги завршија и ќе добијат сертификат.

Сертификатите ќе бидат доделени од страна на градоначалникот на Аеродром, Ивица Конески и американскиот амбасадор Пол Волерс.

Целта на овие обуки е да се едуцираат и инспирираат младите, жените кои не се вработени и оние кои сакаат да продолжат со образование и професионално усовршување да станат значаен елемент во заедницата.