Договор од 2,8 милијарди долари: Estée Lauder блиску до преземање на Тоm Ford

35

Estée Lauder се приближува кон договорот за купување на Том Форд за околу 2,8 милијарди долари, плус долгот.

Оваа недела, Тоm Ford влезе во ексклузивни преговори со Estée Lauder, која продава козметички брендови како MAC, Clinique и Aveda, а договорот би можел да биде склучен уште во понеделник, дознава Фајненшл Тајмс.

Претходно од преговорите се повлече уште еден конкурент – Керинг.

За Estée Lauder со седиште во Њујорк, купувањето на Тоm Ford би можело да биде најголемо откако го презеде целосното управување со канадската групација за луксузни стоки Deciem за околу 1 милијарда долари во 2021 година, пишува SEEbiz.