Договорени и извршени градежни работи во странство за јануари-септември 2013

68

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-септември 2013 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 5.127.810 илјади денари, што е за 1,6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.284.623 илјади денари што е за 80,7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Франција, Холандија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Бугарија и Либиска Арапска Џамахирија.

Вредносните податоци за периодот јануари-септември 2013/2012 година се дадени врз база на паритетот 1 американски долар = 46,651 денари.