Во периодот јануари-декември минатата година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесувала 5,345 милијарди денари, што е за 111,8% повеќе во споредба со истиот период од 2011.
Градежната оператива од Република Македонија лани во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 928,1 милиони денари, што е за 59% помалку во споредба со истиот период од претходната година, информира Државниот завод за статистика.
Зголемен обем на извршените градежни работи е забележан во Италија и Холандија, додека на другите пазари обемот е намален. Босна и Херцеговина, Швајцарија и Србија се јавуваат како нови пазари.