Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, во периодот јануари – септември оваа година, изнесуваат 4.006.451.000 денари, што е за 249,1% повеќе во однос на лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 210.912.000 денари, што е за 80,7% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Германија, Црна Гора и Бугарија.
Фото: Pixabay