Дојче Телеком највреден европски телекомуникациски бренд

27

10429390_791827404224272_1830136975927118820_n

Фото: Facebook

Дојче Телеком ја одбрани највисоката позиција како највреден телекомуникациски бренд во Европа, по кој следуваат Orange и Vodafone. Според рангирањето на Brand Finance Global 500, компанијата достигна највисока вредност на брендот во својата историја, со 40,2 милијарди долари. Ова претставува зголемување од десет проценти во споредба со минатогодишната вредност. Од неговото повторно воведување во 2008 година, вредноста на брендот континуирано расте и се зголеми за импресивни 352%. Македонски Телеком како водечки национален телекомуникациски оператор е дел од Групацијата Дојче Телеком од 2001 година.

Секоја година, Brand Finance ги определува највредните брендови во светот. Според консултантската фирма со седиште во Обединетото Кралство, рангирањето на Дојче Телеком е одраз на стабилноста на стратегијата. Компанија успешно го продолжи својот позитивен деловен развој и минатата година, при што истовремено направи долгорочни инвестиции во квалитетот на мрежата, иновациите и корисничките услуги, а сето тоа претставува основа за зголемување на вредноста на брендот. Исто така, компанијата успешно ја искористи својата одлична репутација како сигурен давател на телекомуникациски услуги во Германија за да го прошири своето деловно работење во Европа и Северна Америка.

Дојче Телеком е исто така третиот највреден германски бренд во светот, после Mercedes-Benz и BMW. По нив следуваат Volkswagen и Siemens. Amazon е прогласен за највреден бренд  на глобално ниво, а зад него се наоѓаат Apple и Google.