Доказ дека хуманоста уште живее, актер ги плати сите сметки во еден маркет

221

Американскиот актер, сценарист, режисер и продуцент, Тајлер Пери, ги воодушевил постарите граѓани во еден трговски центар, плаќајќи ги нивните сметки во маркетот

“Дојдов рано да испазарам. Побрзав да земам сè што ми треба. Се израдував кога видов дека има доволно намирници, јајца, брашно… Откако на касата сè ми беше откуцано, продавачката рече дека сè платил Тајлер Пери. Беше 7 часот наутро, уште го немав испиено првото кафе, па мислев дека сонувам“, раскажа еден од среќните купувачи.

Добри луѓе има насекаде. Тајлер тоа го докажа низ годините, доказ дека хуманоста уште е жива, прекрасен гест, коментирале луѓето на социјалните мрежи.

Инаку, 50-годишниот Пери во 2011-та година магазинот Forbes го прогласи за најплатена личност во светот на забавата. Помеѓу мај 2010-та и мај 2011-та година, заработи 130 милиони долари.

Фото: YouTube Screenshot