Доктор “регрутира“ медицински експерти да ги елиминираат лажните вести од социјалните мрежи

27

Остин Чијанг, млад доктор со диплома од Харвард, покрај тоа што се грижи за своите пациенти, многу е активен и на социјалните медиуми. Постојано споделува фотографии од последни истражувања или забелешки од конференции каде што учествува. Исто така, ги советува и пациентите како да разликуваат вистинска информација од лага.

Чијанг планира ситуацијата со лажните вести, колку што може да ја “исправи“, па за таа цел ангажира цела армија на доктори, сестри и останати здравствени експерти да му помогнат во замислата. Неговата примарна цел е медицинските работници повеќе да се ангажираат онлајн, за поефикасно да можат да се “спротивстават“ на секоја невистина што ќе биде пласирана на социјалните мрежи. Тој забележува дека многу луѓе веруваат, а што е уште полошо и практикуваат лоши и неефикасни совети и лекови за коишто прочитале онлајн, пишува CNBC.

Според Чијанг, Facebook, Instagram и Twitter се местата каде може најмногу да се делува за да се елиминираат лажните вести. Во својата улога како амбасадор на вистинските онлајн информации тој развива нови стратегии за тоа како здравствените професионалци да ги искористат новите дигитални алатки за да ги споделат вистинските информации и да решат одреден конфликт.

Фото: Facebook