Доларите од Азија под карантин

36

Банката на федерални резерви на САД воведе минимален карантин од седум до 10 дена за доларите кои потекнуваат од Азија, како превентивна мерка.

Оваа мерка е воведена иако корона вирусот главно се пренесува преку контакт меѓу луѓето, пишува Bloomberg.

Банката на федерални резерви одржува контингент на банкноти како залиха којашто треба да ја задоволи побарувачката и рутински процесира банкноти и монети како дел од услугите на банката.

Фото:Pixabay