Доларот благо ослабе, цената на нафтата порасна

66

а валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,14 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,24 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 153,25 на 153,05 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0850 долари, додека вчера во ова време беше 1,0825 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се зголеми за 0,65 отсто, на 73,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,70 отсто, на 69,10 долари.